Таравари за митингот на плоштад „Скендербег“: Извонредна атмосфера, со еден збор надеж

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседател од редовите на Вреди, Арбен Таравари веднаш по митингот на плоштадот „Скендербег“ на ТВ21 изјави дека митингот со еден збор ќе го дефинира – „надеж“.

„Ипозантна глетка, извонреден дух, позитивна енергија што не се опишува со зборови, со еден збор ако сакате целосно да го дефинирате денешниот собир, би рекол, надеж…надеж за промени“, рече Таравари.