Во рудникот за лигнит „Магнум“ во Тузла, БИХ, дошло до несреќа, во која во свлечиште е затрупан еден рудник.
Несреќата се случила во јамата на откоп, кога дошло во свлечиште на земјата.
„Во раните утрински часови дојде до несреќа, и еден рудар е затрупан. Службите за спасување се на терен, и прават се да го извлечат рударот“, стои во соопштението на Зухдија Токиќ, претседател на Синдикатот на рудниците за јаглен Крек.
„Важно е човекот да биде пронајден жив и здрав. На јамата моментално никој не може да и пристапи. Премногу информации не може да даваме“, рече Токиќ.
