Таравари за ТВ21: За АА е многу тешко да излезе со ДУИ, но ќе се почитуваат одлуките на партиските органи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Таравари, по средбата, во изјава за ТВ21 порача дека за Алијанса е многу тешко да излезе со ДУИ, но ќе се почитуваат одлуките на органите.

Една од опциите за кое имаме одлука од раководството е да излеземе сами на избори. Реков, за Алијанса е многу тешко да излезе со ДУИ, но повторно ќе ја разгледаме таа можност, секако дека ќе се почитуваат одлуките на партиските органи“, вели Таравари.