Таравари започна со разрешување на економските директори – до петок се очекува разрешување на проблемот со операционите сали

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првите часови како министер за здравство, Арбен Таравари ги започна со посета на операционите сали кои се надвор од посета на Клиничкиот центар. Побара само неколку дена за одлука со која ќе се реши овој проблем со салите кои околу еден месец функционираат само со надворешни компресори.

Првата работа што ја направи како министер е разрешувањето на неколку вршители на должност како економски директори на клиниките. Оваа функција како што рече нема да постои веќе. Ќе се разрешат и другите веднаш штом се изнајде законско решение.

Во Штип беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски. По посетата на Штипската болница, Таравари рече дека ќе се побара нова компанија која ќе работи и доколку се издаде дозвла од Министерството за финансии веднаш ќе започнат работите.

Што се однесува до прашањето за приватните специјализанти, Таравари рече дека ќе треба да се вработат во јавните здравствени домови.