Таванот на Клиниката за детски болести е отворен и со кабли кои висат.
А ова е еден од креветите каде се лекуваат малите пациенти.
Граѓаните кои доаѓаат навечер се жалат дека чекаат долго низ ходниците.
-Значи од 5 часот сте тука?
-Да, пред 5 и пол.
-Колку часа сте тука?
-4 часа?
-Зошто толку многу?
-На снимање, па сега чекаме резултати.
Реагираат и од Синдикатот на Клиничкиот центар Мајка Тереза.
За условите на Клиниката за педијатрија и долгото чекање за преглед го прашавме министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој вети решение но кога не се знае.
„Од првиот ден работам во овој правец како министер заедно со тимот правиме се да имаме втора смена за дијагностика и прегледи и за да има термини, ќе решиме се но секако ни треба време.“, изјави Меџити.
Министерот за здравство признава дека има дефицит на медицински кадар во многу болници а вели дека изработува стратегија за задржување на лекарите во земјава и за нови вработувања.
