Музучкиот свет е во тага по веста за смртта на пејачот Д’Анџело, легенда на соул музиката и автор на хитот „Brown Sugar“.
Д’Анџело почина на 51-годишна возраст по борба со тешка болест.
„Чувствувам голема тага поради смртта на Д’Анџело. Поминавме толку прекрасни моменти. Многу ќе недостасуваш. Почивај во мир, те сакам КРАЛУ“, напиша Ди-Џеј Премиер кој соработруваше со него од 1998 година.
Д’Анџело, син на свештеник, е роден во Ричмонд. Почнал да свири пијано на тригодишна возраст, а до 5 години свирел со својот тактко во црква. Неколку години подоцна почнал да свири пијано во Пенекосталната црква на неговиот дедо.
Заедно со своите братуџеди ја формираа групата „Three of a Kind“, и почнаа да настапуваат на локални талент шоуа. На 16-годишна возраст формираше уште еден бенд со својот брат кој го нарекоа „Michael Archer and Precise“.
Својот деби албум „Brown Sugar“ го сними во 1995 година. Две години подоцна потпиша договор со издавачка куќа.
„Brown Sugar“ го достигна 4-то место на американската Билборд листа на најдобри Р&Б албуми и стана платинеста во рок од една година од објавувањето. Исто така, му донесе на Д’Анџело четири номинации за Греми награда.
Во 2000 година, Д’Анџело го издаде својот втор албум, Voodoo, кој достигна прво место на американската Billboard Top R&B листа и на американската Billboard Hot 100. Албумот, исто така, освои Греми награда за најдобар R&B албум, а песната „Untitled (How Does It Feel)“ ја освои наградата за најдобра машка R&B вокална изведба, со номинација за најдобра R&B песна.
