Изградба на обиколница околу Тетово би го растеретило сообраќајот од градот. Ова беше барањето на граѓаните на Теарце до функционерите на ДУИ. Еден граѓанин кој седеше близу до Ејуп Рустеми, директорот на ЈП Државни патишта, побара оваа обиколница да се изгради со високи стандарди, бидејќи, како што рчее, овој пат би спасил 100 луѓе.
„Патот Непроштено, што минува над автопатот, кој ние го нарекуваме бајпас на Тетово спасува 100 луѓе. Исто така бараме главниот пат да биде најмалку 10 метра широк, со осветлени тротоари. Сериозен сум, не, не, веќе никому не верувам“, вели граѓанин.
За ова барање Рустеми излезе на говорница за да одговори.
„Во врска со коментарот, се подготвува инфраструктурен проект и со тоа е запознаен и градоначалникот од пред две недели, во постојана комуникација сме и сите други институции, бидејќи овој проект треба да добие дозвола од 19 државни институции кои се поврзани токму со инфраструктурата. За две-три недели верувам, ќе обезбедиме инфраструктурен проект, средствата ги обезбедивме, ќе објавиме тендер и годинава почнува изградбата на обиколницата кај Тетово“, вели Ејуп Рустеми.
Обиколницата кај Тетово ќе ја поврзува економската зона на Тетово со автопатот Тетово-Скопје, како и селата Теарце и Јегуновце нема да поминуваат преку Тетово туку ќе може да се поминува кон Коридорот 8.
