Театарот во Тетово никако да биде завршен, компанијата „НБ“ го доби тендерот од 23 милиони евра, но зошто се одложуваат работите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовскиот театар почна да се гради во 2014 година. Поминаа 9 години и овој објект се уште не е готов. Во 2021 година компанијата НБ преку Министерството за култура го доби тендерот вреден 23 милиони евра за продолжување на втората фаза, но работите се одвиваат многу бавно.

Причина за доцнењето на работите е тоа што Владата не ги пуштила сите средства.

Досега се пуштени 4 милиони и 390 илјади евра, што значи дека Владата мора да издвои уште 18 милиони и 610 илјади евра за две години.

Даим Ључи во изјава за ТВ21 рече дека изградбата на објектот се очекува да заврши во 2027 година.

-Времетраењето на изградбата на објектот наменет за театар и библиотека во Тетово се предвидува со динамиката на обезбедената согласност за повеќегодишна јавна набавка. Според последниот заклучок на Владата, динамиката на изведба треба да се продолжи до 2027 година. Во тек се градежни и хидраулични работи. Според дадениот договор и според предупредувањето за продолжување на динамиката, се очекува објектот конечно да биде завршен и пуштен во употреба во 2027 година.“, вели Ључи.

Наспроти тоа, Вулнет Фејзулаи, секретарот во овој театар, вели дека работата ќе треба да заврши на крај на 2025 година.

-Рок за изградба на објектот е и оној што е предвиден во основниот договор, односно крајот на 2025 година или во првиот квартал од 2026 година доколку дојде до непредвидливи работи-изјави Фејсзулаи.

Но, колку средства се пуштени досега од 2021 година!?

-Тука треба да се земе предвид дека овие средства не се предвидени само за реализаторот на работата туку и за надзорникот. Во текот на 2022 година се потрошени околу 150 милиони денари. За 2023 година со договорот за првиот квартал се предвидени некаде околу 116 милиони денари, а за останатиот дел се уште немаме потпишано анекс на договорот, па ќе видиме колку ќе бидат средствата за реализацијата на театарот. Ја имаме и 2021 година каде се потрошени 69 милиони денари“.

Тетовскиот театар моментално е сместен во просториите на палатата на културата во Тетово во лоши услови, додека тетовската библиотека која се наоѓа на простор од 250 метри квадратни е приказна сама за себе.