Телефонот во Брза помош не престанува да ѕвони – лекарите не се имуни на коронавирусот, им треба и одмор!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телефонот во итната медицинска помош постојано звони. Се јавуваат граѓани кои бараат лекарска помош, бараат совети, но се јавуваат и болници на кои им е потребна асистенција. Од почетокот на епидемијата со коронавирусот во Македонија, итната медицинска помош работи со зголемен интензитет. И кај нив има заразени со Ковид-19. Нема други лекари и медицински сестри во изолација, бидејќи контактот со заразените лекари бил со заштитна опрема.

Недела, лето, врие од повици во Центарот на Брза помош во Скопје. Граѓаните бараат помош.

Помош бараат и болниците за да ги превезат пациентите до нивните домови.

Оваа служба која е во директен контакт со граѓаните не е имуна на вирусот Ковид-19 иако сите случаи ги третираат како да се позитивни на овој вирус. Двајца лекари д оваа служба добија позитивен резултат и сега се во домашна изолација.

Нема други лекари и медицински сестри во изолација, бидејќи контактот со заразените лекари бил со заштитна опрема, објаснува доктор Сотировска.

Реагираат брзо на секој повик, но се чувствуваат преморено. Вели дека само што помислиле дека завршило се и се ослободиле од паника, новиот бран од вирусот ги изморил уште повеќе.