Тело на бебе е пронајдено во депонија во Словенија, во тек е интензивна истрага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Љубљана во попладневните часови било откриено мртво бебе кое, според неофицијални информации, подолго време било мртво. Во тек е интензивна криминалистичка истрага.

Љубљанската полиција во попладневните часови добила информација за пронајдено мртво бебе во месноста Шишка. Како што потврдија од полициската управа во Љубљана, пронајдени се остатоци од бебе кое, според неофицијални информации, подолго време било мртво.

Остатоците, наводно, биле пронајдени меѓу ѓубрето на депонијата, се вели, а полицијата ја затворила областа за истрага.

„Полициски службеници извршија увид и продолжуваат со интензивна истрага и утврдување на сите околности на смртта. За наодите се известени дежурниот истражен судија и државниот обвинител“, пишуваат од Љубљанското јавно обвинителство.