Температурите ќе достигнат 42 степени, лицата со хронични болести и бремените жени да внимаваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Топлотен бран ја зафати Северна Македонија. Дел од земјава денеска е во црвена фаза. Црвениот аларм подразбира дека овие делови се со зголемена опасност а во следниве денови не се очекува да има пад на температурите. Метеорологот Славчо Поповски за ТВ21 вели дека следниве денови температурите ќе се искачат до 42 степен.

За високите температури денеска се обрати и министерот за здравство Филипче. Тој апелира до бремените жени, лицата со хронични болести и повозрасните да внимаваат.

Препораките се да не се излегува од дома без потреба, да се пие многу течност, да се избегнува алкохол и да се консумира лесна храна. Во текот на утрешниот ден температурите ќе се движат од 26 до 35.9 степени а во текот на викендот до 31 степен целзиус.