„Тему“ и „Шејн“ најавија повисоки цени од 25 април поради царините на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Онлајн продавниците „Тему“ и „Шејн“, кои потекнуваат од Кина, најавија дека ќе ги прилагодат цените на своите производи од 25 април, како резултат на новите царини воведени од САД.

Овие компании ги повикаа потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по актуелните цени, пренесе „Ројтерс“.

„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги прилагодиме цените од 25 април“, се вели во соопштението на кинеските компании.

„Шејн“ и „Тему“ нудат производи од играчки до паметни телефони.

Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонг Конг.

Наредбата стапува на сила на 2 мај.