Тензично на правиот ден од блокадата на Собранието, опозицијата излезе на говорница со транспаренти и бараат избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот ден од најавената активна блокада на Собранието почна со жестока расправа и тензична атмосфера. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седницата излезе со огромен транспарент активна блокада за национален спас но и со порака дека тие ќе започнат да ги блокираат како што рекоа сите штетни закони и дека предвремените избори се излез. Претседателот на Собранието Талат Џафери им прочита дел од Извештајот на Европскиот парламент каде се искажани позитивни мислења за работата на Собранието при што опозицијата постојано дофрлаше и коментираше.

„Ако блокадата на Собранието ви значи национален спас ова ќе го ценат граѓаните кои што не донесоа овде и ќе го ценат граѓаните чиј дом е ова. А ова не е ни мој ни ваш дом, ова е дом на граѓаните. Ако мислите дека така, продолжете така активно да блокирате, рече Џафери.


Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека единствениот спас е активна блокада и потсети на вчерашната седница на Законодавно-правната комисијата кога беше блокирано автентично толкување на законот за игри на среќа.

„Мислев дека ќе сакате да ни објасните какво е тоа автентично толкување за договор за заедничко вложување и основање на трговско друштво за приредување на електронски игри на среќа кој што сакавте вчера да го поминете а патем речено се работи за 10 милиони евра. Ќе бидеме активно вклучени тука и активно нема да ви дозволиме вакви криминали од огромни размери кои што ќе треба обвинителството да ги испитува да поминат на мала врата. Ќе биде опозицијата присутна активната блокада ќе ја имате“, рече Мицевски.
За ова обвинија и од Алијанса за Албанците

Координаторот на СДСМ Јован Митревски обвини дека опозицијата прави циркуз од Собранието.

„Вие со транспаренти може да излезете како сега 30 што излеговте зашто за распуштање на Собранието треба 61. Ова е нормално еден дел од циркузот кој што го прави опозицијата. Втора работа, добро е што излеговте и што е сликавте со тој транспарент, се надевам сликата ќе биде масовно објавена за да се види која е единствената опозиција што блокира Собранието во време на криза“, рече Митревски.

Против блокадата се и од Алтернатива и ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ најави дека во следниот период активно ќе го блокира Собранието, се додека власта не се согласи на предвремени парламентарни избори“, рече Скендер Реџепи од Алтернатива.