Сирени за воздушни напади, солзавец и истрели од огнено оружје одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.
Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во четири општини со мнозинско српско население – Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, но и во северниот дел на Косовска Митровица.
Во тие три општини беше планирано денеска да стапат на должност градоначалниците од албанска националност, победници на априлските избори, кои беа масовно бојкотирани од Србите.
Косовската полиција потврди дека им „помага на градоначалниците“ на овие места да го „остварат правото на работа“.
Новоизбраните градоначалници дадоа заклетва на 20 мај, а претходно имаше полемики дали ќе можат да пристапат до канцелариите кои претходно ги користеа градоначалниците од Српската листа, најсилната политичка партија на Србите, која има поддршка од Белград.
Минатата недела Ерден Атиќ положи заклетва како нов градоначалник на северниот дел на Косовска Митровица, а истиот ден на општинската зграда беа поставени косовски знамиња.
На крајот на април, овие четири општини добија нови градоначалници од албанска националност, на локалните избори кои беа масовно бојкотирани од косовските Срби.
Пред сите општински згради се распоредени возила на ЕУЛЕКС – меѓународната полиција под управа на ЕУ.
Александар Вучиќ, потпишаа наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво.
