Тешка автобуска несреќа во Авганистан, најмалку 25 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени кога патнички автобус излета од патот во авганистанскиот главен град Кабул, рано утрово.

Автобусот превезувал патници од југот на земјата, од Хелманд и Кандахар.

Според полицијата, несреќата била предизвикана од „невнимателно возење “, а најмалку 25 лица се повредени.