Тешка несреќа во Скопје: Две лица загинаа на мотоцикл откако удриле во бетонски столб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. 

Како што велат од МВР, случајот денеска во 18:23 часот бил пријавен во СВР Скопје.

– Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.