Тешка несреќа во Србија: Се судриле камион и автобус, има мртви и повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во сударот на камион и автобус во Стублин, кај Обреновац, Србија едно лице загина, а дури 17 се повредени.

Возачот на автобусот починал на лице место, а шест лица се пренесени во Кличничката болница „Бежанијска коса“, додека 11 повредени се примени во Здравствениот дом во Обреновац.

Несреќата се случила утрово околу 10 часот. Лекарите од итната помош на местото на настанот констатирале смрт на М.Ј., кој го управувал камионот.