Тешка сообраќајка на бугарската репрезентација во Тбилиси, еден фудбалер итно опериран (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа на бугарскиот национален тим синоќа по која повреден е еден фудбалер кој заврши во болница со повреди на главата.

Автобусот со кој фудбалерите на Бугарија се превезувале од аеродромот до хотелот, се судрил со другиот автобус во кој биле членови на бугарската делегација.

Според првите информации, автобусот кој возел прв нагло закочил за да избегне судар со автомобил  при што автобусот позади се забил во него, а фудбалерот Тодор Неделев седел на задното седиште во првиот автобус, и веднаш бил пренесен во болница. Таму бил итно опериран поради за да му бидат отстранети парчиња од стакло од неговата глава. Операцијата траела два часа и поминала успешно.

Останатите членови на бугарската делегација се во добра состојба.

УЕФА денеска ќе одлучува за евентуално одложување на дуелот после оваа несреќа.