Утринава околу 07:40 часот на регионалниот пат Струмица – Ново Село (помеѓу селата Дабиле и Босилово) се случила сообраќајна несреќа меѓу три патнички моторни возила.
Едно лице е потешко повредено, додека две лица се со полесни повреди.
На настанот интервенираше и ТППЕ Струмица со едно возило и пет пожарникари.
Благодарение на брзата интервенција изгаснат е едниот автомобилот кој беше во почетна фаза на горење, извадено е повреденото лице и предадено на екипата на брза помош.
