Тешка сообраќајна во Трубарево, еден загинат, малолетник се бори за живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила денеска во скопско Трубарево. Возач на автомобил „БМВ“ удрил во мотор, а во несреќата удрено е малолетно дете, пренесува „Сител“.

Возачот на моторот загинал на лице место, додека детето се бори за живот. Во болница е пренесен и возачот на „БМВ“.

Очевидци за „Сител“ велат дека целата слика била ужасна.