Овие млади луѓе се меѓу 149 згрижени Авганистанци во Скопје. Времето го минуваат дружејќи се и играјќи. Еден од нив кажува дека патот што го поминале за да се спасат бил многу долг и стресен.
„Зоната во Кабул беше многу лоша, требаше да патуваме до Мазар Ал Шариф а потоа од таму до Грузија, па од таму дојдовме овде во Македонија, Скопје“, истакна Алириза.
Раскажува дека некои од неговите роднини се уште се во Авганистан, а од нив дознава преку телефон дека се многу исплашени.
„Тие исто така се исплашени, ноќта ја минуваат, контактирав со некои роднини кои се уште се во Кабул, разговарав со нив, многу се исплашени бидејќи пред неколку дена кога американската војска си заминувала од аеродромот, талибанците пукале во воздух“, посочи Алириза.
Од Владата повторуваат дека не станува збор за бегалци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се привремено во земјава.
Граѓаните од Авганистан со кои денеска разговараше ТВ21, велат дека најмногу им е потребен бербер и менувачница за да можат да купат основни продукти. Што се однесува до сместувањето и пречекот, велат дека се на ниво.
