„Тешко на тие со една плата“ – Тетово празно на ден пред Рамазан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако е ден пред Рамазан, зелениот пазар во Тетово речиси празен. Повеќето од тезгите затворени, а тие кои се уште работат, се надеваа дека ќе дојде некој за да купи нешто. И продавачите и купувачите велат дека нема поскапување, само некои производи се поскапени, но немањето пари и иселувањето се причина за слабата продажба.

-88 години имам, два пати се имам оперирано и не знам дали можам да го издржам Рамазан, без леб не можам, имам многу години.

-Воопшто не се издржува со 100 евра пензија, имам социјална помош, ми украдоа од стажот лоповите бидејќи не им дадов мито, сега сум со социјална помош од 100 евра, овој пат зедов 9800 денари, во Македонија не се живее. Не бива, сите не избркаа надвор, сега дома сум сам, што да правам сам, куќата ќе се затвори. Притисок од полицијата, лекарите те убиваат, социјално те краде, стажот, општината ти краде од дворот, намерно го прават тоа за да се иселиме.

-До сега во ред е, но има поскапување, проблем е да се купи, луѓето немаат пари, поскапувањето е како тука така и во цел свет, што да кажам друго.

-Секој купува колку може. Има мало поскапување, гравот, маслинките.

-Тешко на тие со ниски плати или со една плата, бидејќи тие со 78% покачување на платата немаат проблем, тие не плаќаат, народот плаќа.

Килограм месо на пазарот во Тетово е од 550 до 610 денари, а килограм грав од 150 до 400 денари.