Големи изненадување се случува во Тексас, држава во која демократите не победија од 1976 година.
Се води многу тесна битка. Бајден имаше предност откако беа преброени 60 проценти од гласовите, но сега Трамп го презеде водството. Кој и да победи во Тексас, ќе го приближи до победата.
Доналд Трамп во моментов има 50,4 проценти од гласовите, а Џо Бајден 48,3. Преброени се 67 проценти од гласовите. Државата носи 38 гласачи.
