РЕЦЕПТ: Тестенини во сос од брокула

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едноставен оброк со брокула и тестенини.

Состојки: (за 2 лица)

  • Тестенини по ваш избор
  • 1 пакување замрзната брокула
  • 200 мл павлака за готвење
  • Малку лук
  • сув билен зачин, масло
  • Пармезан

Подготовка:

Ставете ги тестенините во солена вода. Во меѓувреме, подгответе го сосот.

Во тава со малку загреано масло ставете замрзната брокула, додадете зачини, па пржете околу 15 минути.

Кога брокулата ќе омекне, исечкајте ја со вилушка. Непосредно пред крајот на готвењето, додадете сечкан лук и павлака за готвење и сè заедно варете уште пет минути.

Сварените тестенини процедете ги, па измешајте ги со сосот.

Пред сервирање посипете со пармезан.