Постигнат е договор помеѓу Владата и компанијата Окта за дополнително намалување на цената на дизелот.
Како што соопштија од Окта, од денеска, па се до 2 ноември на сила ќе биде попуст од два денари за дизел гориво за испораките до трговците на мало и големо.
Од компанијата посочуваат дека целта е да се ублажи влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари на горива.
Сепак, конечните малопродажни цени и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат трговците со горива.
