Рафет Ислами до Тетово не можел да ги чека попишувачите за да одат во неговиот дом, па дојде во општината за да ја заврши, како што вели, ова обврска.
„Јас чекав неколку дена, ги подготвив сите документи но не дојдоа. Вчера на телевизија слушнав дека може и овде, ги земав документите и дојдов да се попишам, да ја завршам ова работа. Не, не дошле во нашата населба воопшто. Нивна обврска е да дојдат дома, но тие не дојдоа и бидејќи кратко е времето за попис, јас дојдов тука. Треба да дојдеме за да не изостанеме, зошто да изостанеме“, истакна Рафет Ислами.
Назим Даути, член на Комисијата за попис во Тетово, вели дека немаат проблеми со мрежата и софтверот и дека до сега се попишани 76 илјади граѓани.
„Постапката за попис на населението тече без проблеми и пречки иако се соочуваме со мали проблеми од време на време, две-три минути има пад на системот, имајќи предвид дека комисијата број 32 ја покрива општина Боговиње. Ги имаме и планинските села и понекогаш паѓа мрежата, како на почеток кога системот не работеше 4 дена. Досега во Општина Тетово се попишани 76 илјади граѓани“, посочи Назим Даути.
Бројот на тие кои не сакат да се попишат е многу мал.
„Пријавени се такви случаи каде попишувачите се обврзани да ја известуваат Комисијата број 32 и ДЗС за лицата кои одбиваат да се попишат и потоа ДЗС одлучува што ќе се случи со нив“, додава Назим Даути.
Во Тетово од 31 во 20 региони не е почнат овој процес, а се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден. Пописот на населението ќе трае до 30 септември.
