Вработените на ЈП „Тетово“ веќе 2 месеци работат без плата а продолжуваат со чистењето на отпад во градот Тетово. Тие не сакаа да зборуваат пред камера бидејќи дел од нив се со договор на дело и стравуваат за работното место. Тие се пожалија во нашата редакција дека и покрај работата кој ја вршат секој ден, не добиваат плата на време. Од Јавно комунално претпријатие признаваат дека вработените имаат задоцнување на плата, но велат дека состојбата се подобрува.
Иако скоро сите печалбари заминале, Тетово продолжува да биде преполна со отпад. Активистот за животна средина, Арјанит Џафери вели дека тоа е последица на незаинтересираноста на општината за решавање на проблемот.
„Собирањето на отпад не е последица на доаѓањето на печалбарите туку на игнорирањето на проблемите на ова администрација веќе осум години но и на минатата администрација со што не е донесено оддржливо и постојано решение за собирањето на отпадот, односно менаџирање. Ништо не е сменето во бројот на автомобили за отпад, на начинот според кој се менаџираат тие, тие се носат во транзитните точки – голема дива депонија сред плодна земја во Полог. Не е сменет ни начинот на чистење на улиците, отпадот е проблем поради не заинтересираноста на општина Тетово за менаџирање и решавање на овој проблем како што треба“, истакна Арјанит Хоџа.
Пред неколку недели, од јавно комунално претпријатие изјавија дека во септември се очекува да пристигнат 6 камиони за чистење улици и собирање отпад, а заедно со нив ќе пристигнат 330 канти за отпад. Но, иако печалбарите заминаа и градот Тетово е во време на пандемија, движењето на граѓаните се намалува од ден на ден, на многу локации гледаме канти за отпад кои се претворени во мали депонии.
