Општинскиот совет на Тетово се уште нема мнозинство, а седницата постојано се одложува.
„Во понеделник е закажана седница на советот, требаше денеска но поради состојбите, не се одржа. Другиот понеделник ќе се закаже и ќе ги дознаете околностите во врска со советот“, истакна Биљал Касами.
ТВ21 во текот на денешниот ден контактираше со повеќето политички партии кои имаат советници, кои ќе треба да формираат мнозинство. АА и ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржаа Касами во вториот круг сега веќе имаат договор и за општинскиот совет. Според нашите информации ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе добие едно секретарско место во општината и едно директорско место. И од АА велат дека имаат договор но без детали во однос на локалната власт.
„Имаме договор за мнозинство во советот, но деталите ќе се објават на првата седница која се очекува да се одржи во четврток“, велат од Алијанса за Албанците.
Појасни за формирањето мнозинство се од Независната листа. Од оваа иницијатива велат дека нема да учествуваат на седницата доколку таа не биде онлајн и доколку не се објават имињата на сите оние кои примаат плата а не се појавиле на работното место.
„За листата Најдоброто за Тетово главен приоритет е имплементацијата на трите столба на нашата платформа. Транспарентност и отчетност, чиста средина и град со стабилен урбанистички план. Во советот ќе соработуваме за секое прашање кое ќе биде за доброто на граѓаните на Тетово“, додаваат од независната листа.
Движење Беса е во преговори и со двајца советници од СДСМ но влошувањето на ситуацијата на централно ниво предизвика се уште да нема договор на локално ниво. Тоа што е познато до сега е дека мнозинството на советот ќе треба да го сочинуваат 16 советници, а до сега има само 14, и тоа меѓу ВМРО и АА, ДУИ со 10 советници и ДПА со 2 пратеници ќе останат во опозиција.
