Тетово станува регионалец центар за вакцинација , на 5 мај почнува масовната имунизација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 5-ти мај во Тетово стартува масовната вакцинација.
Регионалниот центар за вакцинација се подготвува. Тоа ќе биде спортската сала на Медицинското училиште. Подготовките се во тек, а 20-те пунктови за вакцинација наскоро ќе бидат ставени во функција. Директорот на Здравствен дом-Тетово, вели дека персоналот е подготвен и дека вакциналниот пункт ќе има капацитет за вакцинирање на 1.500 граѓани дневно.

На пунктот за вакцинација, освен Тетово, ќе бидат опфатени и Гостивар и руралните општини.

Досега во Тетово од Центар за јавно здравје се вакцинирани 1.600 лица над 70-годишна возраст. Вакцината ја примија и дел од наставниците, медицинскиот персонал, припадниците на армијата и полицијата.