Крвниот притисок на градоначалникот на Тетово е во нормала, а по мерењето тој посети два шатори каде се послужи со чоколадо, кое му го подарија учениците од Средното медицинско училиште во Тетово по повод Светскиот ден на здравјето.
„Со ова придонесуваме за подигнување на свеста кај граѓаните во однос на нивното здравје и мерките што треба да ги преземат за превенција од различни болести“, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Наставниците и медицинските сестри истакнаа дека целта на активноста била да се дадат совети за зачувување на здравјето и промоција на нивните програми.
„По повод Светскиот ден на здравјето, 7 април, организиравме неколку активности кои се основни за нашата професија: мерење на гликемија, крвен притисок, лесни масажи и медицински совети. Советот на денот што би им го дала на граѓаните е: подобро е да се превенира отколку да се лекува“, изјави Беса Лека, медицинска сестра.
„Заедно сме со учениците и професорите по практика на плоштадот и се ангажираме за здравјето на граѓаните. Како идни здравствени професионалци, нашите ученици знаењата стекнати од практиката денес ги ставаат во служба на граѓаните и со тоа испраќаме силна порака за подигнување на свеста за зачувување на јавното здравје“, изјави Малесоре Рамадани, директоркана СМУ Медицина.
Според извршените контроли, најчестите проблеми кај жителите на Тетово биле нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, како и болести на екстремитетите.
