Тетово „врие“ од кучиња скитници – Касами: Тендерот е во постапка, третирањето на едно куче чини 300 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ваква е состојбата со кучињата скитници на тетовските улици, особено во ноќните часови.

Како што објави ТВ21 пред неколку недели, здружението „Амос“ го доби тендерот за третирање на кучињата скитници. Но, иако тендерските постапки се завршени, поради документацијата ова здружение се уште не започнало со третирање на кучињата. Во месец јули ќе биде една година откако во Тетово никој не ги третира кучињата скитници, додека градот е преполн со нив.

Во СВР се пријавени 34 случаи на напади од кучиња скитници, но оваа бројка се смета дека е многу поголема, бидејќи мал процент од граѓаните пријавуваат дека биле нападнати од кучиња скитници.

Од општина Тетово велат дека наскоро ќе започне третирањето на кучињата скитници, додека за едно куче сумата изнесува 300 евра.

-Според информациите што ги имам тендерот го доби здружението кое се занимава со третирање, „Амос“, а ќе треба да обезбеди и документ од Управата за јавни приходи, а деновиве ќе го обезбедиме и потпишеме договорот и ќе започне реализацијата на тендерот. Она што беше дел од тендерот, бидејќи немаме детални информации, 300 евра е сумата за третирање  на едно  куче, што значи грижа и понатамошна нега.

Но, од здружението „Амос“ не даваат никаква изјава бидејќи се уште немаат потпишано никаков договор со општина Тетово.

-Во моментов не можеме да дадеме изјава на темата бидејќи се уште не сме добиле потврда од општина Тетово за предметниот тендер. Откако ќе добиеме одговор за резултатот од нашата апликација, ќе ве информираме.

Но, што кажа Касами во 2021 година за кучињата скитници во Тетово?

-Да го испратиш детето  во државно, а не во приватно училиште, по тетовските улици со кучиња скитници, со ѓубре, да стравуваш и цело време да се грижиш дали детето ќе се врати и ќе ја има судбината на детето кое беше искасапено пред неколку месеци од кучиња скитници.