Во деновите со високи температури, бањата на градот во Тетово е едно од најпреферираните места за разладување. Се наоѓа само неколку километри од градот, покрај реката Пена.
Покрај тетовци, таму доаѓаат и посетители од други градови за да уживаат во свежината и минералната вода.
Но, колку се задоволни граѓаните? Дали има потреба од повеќе инвестиции, и кој треба повеќе да се грижи за ова место – институциите или самите граѓани?

„Ова е од Бога, ама не се грижиме, ѓубре насекаде, корпата за ѓубре е таму, го оставаат таму, јадат леб и го оставаат таму. Тие кабини ги направија таму за да се соблекуваат, потребата ја вршат таму, доаѓа мирис.“
„Кога е жешко е подобро, ама денес времето се промени. Добро е вака, но ако се инвестира уште повеќе, уште подобро е за народот.“
„Амбиентот е сосем добар за мене, за друго…“
Она што го прави ова место посебно е минералната вода. Многу граѓани доаѓаат да наполнат вода, верувајќи во нејзините лековити својства – особено за болести на желудникот и кожата.
„Не, денес е првпат. Мислам дека да, слушнав дека е добра и не знам за што е добра.“
„Не секогаш, ама велат дека е и загадена, но не знам дали е загадена. Има луѓе што пијат постојано. Не доаѓам секој ден, два пати неделно кога е убаво времето за освежување и да земам сонце.“
Прашавме во Центарот за јавно здравје во Тетово дали минералната вода во Бањата на Тетово е за пиење! Од таму добивме одговор:
„Последните анализи се усогласуваат со параметрите. Водата е за пиење и во однос на препораките, нашите препораки се да не се користи како замена за комуналната вода, има многу минерали и не е за замена на комуналната вода.“, вели Ратко Равидовски – Центар за јавно здравје Тетово.
Многу граѓани го користат ова место за трчање и прошетки, но појавата на мечки во вечерните часови направи локацијата да се посетува помалку навечер.
