Тетовската градежна компанија „Изо стоне“ (Izostone) влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“. Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност покажуваат дека тетовската компанија во изминатава недела купила 6,62 проценти од вкупниот број акции на „Македонијатурист“.
Со тоа, тетовската компанија им се придружи на уште пет акционери кои поседуваат над пет проценти од акциите во „Македонијатурист“. Тоа се Доне Таневски кој поседува 23,40 проценти од вкупниот број акции на компанијата, „Сава пензиски фонд“, во чија сопственост се 8,80 проценти од вкупниот број акции, „Македонијатурист“ (10 проценти), Соња Бибановска (11,27 проценти) и Симеон Павлов (5,01 проценти).
