Тетовски населби „пливаат“ во смет – од општината велат дека почнале со акција за чистење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расфрланиот отпад на неколку локации во Тетово претставува секојдневен предизвик за тетовци. Се жалат дека не престанува да се шири непријатна реа и дека стравуваат да не се појави некоја болест.

Што да ви кажам. Ништо не вреди. Каде да се пожалиш? Не можеш да влезеш внатре, нема шанси да влезеш таму. Дали вработените имаат проблем, каков проблем имаат, не знам. Вака е 5-6 месеци. Имаме проблем, таму го собираат отпадот, ваму не. Не знам што е работата. Стравуваме да не се појават некои зарази“, порача жител.

Веќе два месеца го зафатија патот и не можеме да поминеме. Се шири непријатна миризба. Би ѝ порачал на општината да дојде и да го собере сметот“, вели жител.

Од општина Тетово велат дека имале одредени проблеми и дека пред два дена почнале со собирање на отпадот низ населбите.

Започна акцијата за чистење на сите локации кои останаа неисчистени како последица на неколку последователни дефекти. Работата стартуваше пред два дена, а ќе продолжи и понатаму. Од денот на потпишување на договорот меѓу општина Тетово и приватната компанија, предвиден е рок од 90 дена, додека не се комплетира целата потребна документација од правни аспекти, за да можат да почнат со работа“, вели Општина Тетово.

Од општината не одговорија – што ќе се случи со платите на вработените во ЈКП, бидејќи како што велат работниците со кои контактиравме сѐ уште не ја добиле октомвриската плата. Општина Тетово пред неколку месеци склучи договор со компанијата „Saubermacher“. Тогаш беше кажано дека оваа компанија ќе почне да управува со отпадот од 1 јануари.