Стручното училиште „Моша Пијаде“, се уште го носи името на југословенскиот револуционер роден во 1890 година во Белград.
Министерот за образование вели дека е подготвен да ја разгледа иницијатива за промена на името доколку пристигне такво нешто. Меѓутоа, Шаќири не е информиран дека постои иницијатива.
„За прв пат слушам за ова прашање, не сум слушнал за иницијатива. Не сум против иницијативата. Мислам дека ваквите иницијативи треба да почнат од училишниот одбор, училишниот совет, иницијатива која треба да почне и од учениците, советот на родители и ќе видиме која иницијатива треба да ја разгледаме. Во времето во кое живееме, во образовните институции, по улиците, во општеството во кое што живееме не треба да се гледаат личности од едната или другата страна. Треба сите да ги вреднуваме еднакво“, вели Јетон Шаќири.
Зм.директорот на училиштето, Шериф Абдурамани, вели дека иницијативата за промена на името на училиштето не зависи од нив туку од училишниот совет.
„Тоа не зависи од нас, зависи од училишниот совет, од советот на родители, значи ние сме обврзани да ги проследиме бидејќи сега сме под капата на МОН“, додаде Шериф Абдурамани.
Секогаш имаше иницијативи за промена на имињата на училиштата, но досега немаше одлуки ниту од страна на градоначалниците, ниту од министрите. Во Тетово има и неколку други училишта кои се уште ги носат имињата од поранешниот систем, кои ниту самите граѓани не ги знаат.
