Последниот попис на населението покажа дека Тетово, единствено како општина, има албанско мнозинство, над 60 илјади, но оваа реалност не е отсликнана и во градскиот музеј. Тука ниту еден историчар, археолог или етнолог не е Албанец. Во врска со ова прашање реагираа од невладината организација за историја и културно наследство „Хута“ од каде велат дека со години бараат соодветна етничка застапеност во музејот, но тоа не се случува.
-Врз етничка основа музејот на Тетово продолжува да има дефицид на историчари, етнолози и археолози. Со оглед на ова состојба апелираме и до Владата, Министерството за култура и сите претставници Албанци, да се ангажираат за правична и соодветна застапеност на Албанците во тетовскиот музеј. И во вклучување на албанската историја и култура таму, изјави Фљакрон Кадриу од НВО Хута.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, вели дека е известен за оваа прашање и вети ќе бараат од министерот и зм. Министерот вработувања.
-Наша определба е да се размислува и за промоција на вредностите што ги прават музејот и вработените, а секако преку министерот и заменик министерот ќе побараме да има Албанец археолог или структура на вработените што ја отсликува мултиетничката реалност во градот и прашање е колку археолози ќе имаме кои ќе имаат соодветно образование за да се вработат таму, да, тоа дефинитивно ќе го поставиме како прашање, изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Реагираа од Музејот на Тетово. Велат дека во музејот нема место за политика и провокации однадвор, а историјата не признава никаква етничка припадност, туку професионалност. Додаваат дека во оваа институција немало нови вработувања околу 15 години и дека во оваа институција работат шестмина Албанци.
Но, официјално ТВ21 дознава дека споменатите 6 вработени Албанци се дел од техничкиот и административниот персонал. Инаку, оваа институција, во поделбата на ресурсите кога се формираат влади, традиционално им припаѓа на македонските партии.