Тетовци: Градоначалничката нè заборавила, 5 автобуси не сообраќаат поради недостиг на возачи, вели Арифи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе неколку месеци, населбата 146 во Тетово има недостиг на вода. Градоначалничката, Теута Арифи вчера во Клик Плус изјави дека често ја посетува оваа населба и дека води грижа за жителите.

„Да, да, јас разговарав со нив, исто како што вие бевте таму, така и јас одам малку почесто од вас“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

А, жителите на населба 146 велат нешто друго.

„Кога беше Градоначалничката во посета во населбава?
Слободно можам да кажам дека не била никогаш во ова населба, само ветувања преку разните портали и медиуми“, истакна еден од жителите.

„Нас народот не заборавиле целосно, дали имаме храна и вода или немаме, никој не се интересира“, додаде друг жител.

Градоначалничката рече дека проблемот со вода наскоро ќе се реши и вети дека по празникот Бајрам ќе оди да пие чај во населба 146.
Освен за водата, во Клик Плус се дебатираше и за новите автобуси кои се донесени но не сообраќаат во градот. Причина – недостигот на шофери.

„Еве автобусите.
Да, ние ги донесовме.
Да, но не сообраќаат, стојат, не функционираат.
Ќе почнат да се сообраќаат кога ќе биде прецизирано како треба да се движат“, посочи Арифи.

Арифи не спомна конкретен датум кога автобусите ќе ги гледаме по улиците на Тетово. За многу зборуваните велопатеките, Арифи рече дека се нервирала кога го видела спроведувањето на градежните работи на велосипедските патеки.