Во Тетово граѓаните носат маски за заштита од коронавирус, но има и такви кои не ја почитуваат задолжителната мерка. Казните кои ги изрекува полицијата ги натера граѓаните да бидат повнимателни во однос на Ковид-19. Дел од анкетираните велат дека не се плашат од вирусот, а оние кои носеа маски, велат дека ги носат само за да не бидат казнети.
Граѓанин: Јас никогаш не се плашам, постои смртта, но од ова не.
-Ја носите маската од страв од болеста или да не бидеш казнет?
Граѓанин: Маската повеќе ја носам за да не ме казнат.
„Веруваме, зачудени сме, некогаш веруваме, некогаш не. Стравуваме, како да не стравуваме“, вели граѓанин.
Граѓанин: Никогаш. Јас верувам дека има еден Господ и ништо друго.
-Не носиш маска бидејќи мислиш дека нема?
Граѓанин: Да, затоа.
Граѓанин: Има и нема.
-Верувате вие?
Граѓанин: Не, не верувам и не се плашам.
-Зошто не носите маска?
Граѓанин: Имам, во џебот ја носам.
Координаторот на Кризниот штаб, Бујар Османи денеска ја посети општина Теарце каде се сретна со градоначалникот и раководителот на Кризниот штаб. Османи вели дека сега е време општинските штабови да преземат поголема одговорност и да ја подигнат свеста на граѓаните.
„Последните бројки – 7 починати и 89 позитивни за една ноќ вчера, и 50 денеска, и тоа главно во нашите области, се силна порака дека треба да се подигне сечија свест дека нема држава, нема полицаец кој може да го контролира индивидуалното однесување во нашите семејства за заштита, освен високата свест за да сфатиме дека нашето несоодветно однесување може да предизвика смрт на најблиските“, истакна Бујар Османи.
Во општина Теарце денеска беше регистриран еден позитивен случај, со што вкупниот број на заразени се искачи на 24. Досега оваа општина бележи три смртни случаи од коронавирус.
