Досега Новата година граѓаните ја празнуваа со разни прослави, но овојпат ќе останат дома. Поради зачувувањето на здравјето и мерките против коронавирус забрането е организирање забави кои вообичаено се организираа за новогодишната ноќ.
-Јас нема да одам никаде поради пандемијата, подобро дома со семејството.
-Мислам дека ќе останам дома со семејството. Џебовите ни се празни, немаме пари да одиме некаде.
-Дома, каде на друго место. Подобро да останам дома, бидејќи нема каде да одиме.
Во меѓувреме од полицијата известија дека ќе има засилени контроли, а особено ќе се проверува дали се почитуваат одлуките на Владата за спречување на ширење на коронавирус.
-Во пресрет на новогодишните празници, Секторот за внатрешни работи-Тетово ќе ги засили контролите, особено во врска со почитувањето на владините одлуки, мерките и препораките за спречување на ширење на коронавирус. Предвидено е фокус на контролите да бидат угостителските објекти во овој дел, како и одморалиштата на Попова Шапка и околу Мавровското езеро. Ќе се контролира работното време, но и забраната за групирање надвор или во објективе, одморалиштата и слично-велат од СВР Тетово.
Инаку, Тетово годинава не е украсено за новогодишните празници, но доаѓањето на печалбарите како да го заживеа градот. Секојдневно низ улиците можат да се забележат долги колони возила.
