Тетовци почнаа да ја примаат третата доза – се ревакцинираат тие кои пред шест месеци ја примиле втората доза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако празник, центарот за вакцинација во Тетово не ги затвори вратите. Лекарот Бесник Мустафаи вели дека се вакцинираат тие кои имаат термин,   додека граѓаните почнале да ја примаат и третата доза од вакцината  со која се вакцинираат оние кои пред шест месеци ја примиле втората доза.

„Примарен услов е минимум да се поминати шест месеци од примањето на втората доза. Се аплицира кај пациенти кои се над 60  годишна возраст, оние со хронични болести и пациенти кои самите сакаат а поминале шест месеци од примање на втората доза, тие можат да ја примат третата доза“, истакна Бесник Мустафаи.

Сретнавме и граѓани кои дошле да примат трета доза.   За тоа се одлучиле, бидејќи, како што велат, секојдневно се изложени на ризик, а апелираат до сите да го сторат истото.

Вакцинацијата во Тетово се одвива на неколку пункта. До сега нивото на вакцинација достигна 45% додека интересот за вакцинација почна да се зголемува кога Владата ги заостри мерките за движење на граѓаните кои немаат сертификат за вакцинација.