Тетовци преплашени од кучињата скитници – секој трет ден, каснат по еден граѓанин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девојката што ја гледате денеска е нападната од кучиња скитници претпладнето во студентската населба при Тетовскиот универзитет. Од видеото може да се види како таа бегајќи од кучињата паѓа, а двајца млади и помагаат со што избегна да биде касната. ТВ21 беше во населбата каде се случи нападот. Жителите револтирани, наместо изјави тие ни дадоа и други видеа каде се гледаат напади врз ученици.

„Завршени предмети со правосилна пресуда се 34, а предмети кои завршиле со судски договор има 18. Комисијата која е формирана за третирање на ова прашање одржа две седници до сега, и од 53 барања кои ги добивме, 15 од нив се разгледани. Вкупно 13 од нив се усвоени, 1 е одбиено како неосновано и едно е вратено на повторно разгледување. Ова покажува дека ние работиме на овие барања сериозно и со внимание“, велат од општината.

Од СВР Тетово велат дека до овој сектор во текот на 2023 година 42 граѓани пријавиле напад од кучињата скитници.

„Во текот на 2023 година, вклучувајќи го и денешниот ден, во СВР Тетово вкупно 42 граѓани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници. А во текот на 2022 година вкупно 59 граѓани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници“, порачаа од СВР Тетово.

Во Тетово моментално никој не ги третира уличните кучиња. Неофицијално, во овој град има над 500 кучиња скитници кои скоро секој ден ги напаѓаат граѓаните.