Тетовци се жалат на скапата живеачка – Туристичка агенција: По 2 авиони секој ден полетуваат кон турското крајбрежје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали граѓаните ќе ги намалат трошоците за летните одмори по последното поскапување? ТВ21 направи  анкета во Тетово за да ги праша колку поскапувањето удрило по нивниот џеб и дали ќе можат да отидат на летен одмор оваа година?

-Сите цени одат погоре и погоре. Можат да одат тие што имаат, тие што немаат, не можат да одат.

-И во Австрија како и овде, исто е, скапо е со таа плата.

-Мислите ли дека луѓето ќе можат да отидат на море? Не верувам, и таму е скапо и таму е поскапено.

-Цените се зголемени колку сакаш, сиромаштијата нема леб да јаде. Одмори? Каде има пари за тоа бе брат, одат тие што имаат бизниси и што крадат, сиромаштијата не може никогаш да види море.

-Многу се покачени цените, за мене три пати, некој нема ни пензија. Какво море, не размислувам, не може бе брат, ништо не останува.

-Земам 6 илјади денари. Каде да одиш, какво море.

-Цените многу се покачени, какво море, ни во сон не го гледаме, не ни стасува ни за цигари и леб.

-Многу е поскапено. Тие што имаат ќе одат а ние што немаме не можеме да одиме.

Отидовме и во една туристичка агенција и прашавме дали има интерес за резервации. Оттаму ни рекоа дека секој ден по два авиона полнат и дека јули е веќе полн и нема слободни  места.

„Оваа година има туристички понуди, за Турција, Албанија, Црна Гора, но повеќе се фокусирани на турското крајбрежје. Оваа година има повеќе барања за Турција но и за Албанија. Со по два лета на ден, седми месец е веќе полн“, вели Бесим Рауфи.

За две лица, седум ноќевања, цените почнуваат од 1000 евра па нагоре за Турција, а за Албанија едно ноќевање со  хотелско сместување чини од 80 евра и повеќе  за едно лице.