Прва изјава даде градоначалничката на Тетово, Теута Арифи во врска со пожарот кој целосно ја изгоре модуларната болница во овој град.
„Според оние информации со кои располагам, оганот се појавил одеднаш и се проширил со голема брзина. Апсолутно жалам за случајот, во болницата имало луѓе кои биле на лекување. Немаме информации за жртви, чекаме официјално од болницата“, рече Арифи.
