Тик Ток повторно се користи во САД после само неколку часа забрана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тик Ток објави дека е укината забраната за апликацијата во САД. Милиони Американци одново може да ја користат популарната мрежа после неколку часа забрана, а враќањето на платформата го овозможи Трамп.

Тик Ток вечерва соопшти дека е во „процес на враќање на услугите по исклучувањето на апликацијата“.

Во објавата на „Икс“, тие му се заблагодарија на новоизбраниот американски претседател и ветија дека ќе соработуваат со него за да ја направат апликацијата достапна на долг рок. Трамп најави дека нема да дозволи Тик Ток да остане во темнина, и дека ќе го врати откако и официјално ќе стане претседател на САД.