Тиктокер предупредува: Ако патувате во Истанбул – внимавајте на оваа измама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приказните за измамите кои можете да ги доживеете додека патувате воопшто не се наивни, а со појавата на социјалните мрежи, приказните за нив, како и снимените докази стануваат се почести, пишува City Magazine.

Каде и да одите, на запад или на исток, на улиците ве чека некаква измама. На крајот на краиштата, сето ова може да ви се случи во родниот град, па зошто да не и во туристичките места, каде што е поверојатно да ве пречека искусен уличен човек со својата „гума за џвакање“, пишува City Magazine.

Една од „омилените“ измами во Истанбул е фатена повеќе пати од камерата на телефонот, а еден Тиктокер решил да ги сподели своите искуства од улиците на најголемиот турски град. Како што раскажал, ова е најчестиот начин да ви ги украдат парите, дури двапати му се случило, но не ја земал мамката што му била фрлена.

@aleksarupic Da li ste čuli za ovu prevaru? Nama se desila 2 puta, ali hvala bogu znamo fazon. 🤷‍♂️ #fyp #viral #turska #istanbul #putovanje ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

„Прво човек ќе оди со четка и стол пред вас. Нема ни да го забележите, но потоа „случајно“ ќе ја испушти четката неколку метри понапред. Вашата прва реакција е да ја земете и да му ја вратите. Логично. Меѓутоа, ако го направите тоа, тој ќе продолжи да ви се заблагодарува и ќе побара да ги исчистите вашите чевли, бесплатно. Потоа ќе започне со својата тажна приказна, а на крајот ќе почне да ви бара пари и да ве брка на улица“, рекол Алекса Рупиќ на својот Тикток и нагласил дека лесно можете да ја избегнете оваа измама.

Само игнорирајте ја четката што ја фрла пред вас и нема да ви каже ништо.