Девојчињата побегнале по неуспешните обиди да го изгаснат пожарот.
Две девојки од Русија предизвикаа огромен пожар кога запалија скоро 200 тони сено , предизвикувајќи голема штета, додека се обидоа да снимаат видео запис за ТикТок.
Полицијата изјавила дека пожарниот елемент излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата , пренесуваат светските медиуми. Изгореа околу 195 тони слама во руралниот дел на градот Перм , на околу 1.200 километри источно од Москва.
Две девојчиња на училишна возраст побегнале од местото на настанот по нивните неуспешни обиди да го изгаснат пожарот. Тие наскоро и потврдија на полицијата дека снимаат видео за ТикТок кога се случил инцидентот.
Властите соопштија дека девојчињата направиле голема штета, но ги ризикувале и своите животи во обид да го снимат видеото .
