Тилев за извештајот на ЕК: Кај нивото на усогласеност ние стоиме многу добро, нема назадување во ниедна од областите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот советник во Секторот за европски прашања, Драган Тилев вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 говореше за објавениот извештај од страна на Европската Комисија за Северна Македонија.

Според него, ние кај нивото на усогласеност сториме многу добро, односно нема назадување во ниедна област.

„Имаме стагнации, меѓутоа немаме назадување што би било „бекслајдинг“, ако имате назадување општото ниво на усогласеност паѓа. Кај нас тоа не паѓа, туку за 1 децимал е подобро од претходната година, и е подобро дури од Србија, но е полошо од Црна Гора бидејќи веќе ги има отворено сите поглавја“, вели Тилев.