Тилев за извештајот на ЕПИ: Нема да го спорам, реков дека има одредено забавување во прогресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот советник во Секторот за европски прашања, Драган Тилев вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 кратко ја искоментира и првата оценка од страна на граѓанскиот центар ЕПИ за кои сумарно во насловот овој извештај на ЕК го дефинира како разнишани темели на преговорите.

Тилев вели дека не го прочитал се уште поради обврските, но не ги спори бидејќи, како што вели, во последнава година има одредено забавување на прогресот но нема намалување во вкупната подготвеност.

„Вкупната подготвеност е исклучително важна. Кога говориме за вкупната подготвеност, за кулминацијата на вкупната подготвеност тоа се, не само транспонираните акти во нашето законодавство туку тоа се и способноста да ги имплементирате европските прописи, и да ги пресретнете политичките критериуми. Тоа е резултат од 2000 година до денеска“, вели Тилев.