ТИРЗ: Највисоко ниво на извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2 300 работни места од почетокот на годинава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава досега. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17% за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопштија од ТИРЗ.

„Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво од постоењето на зоните. Анализата покажува дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27% повисок од истиот период во 2021, односно за 49% повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега.

Од јануари до ноември годинава е регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра што е за 17% повеќе во однос првите единаесет месеци од 2021, односно за 60% споредено со истиот период во 2020. Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 %. Само во ноември нето извозот е речиси 23%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места“ велат од дирекцијата на ТИРЗ.

Се очекува ваквиот позитивен тренд на економски активности во Зоните да продолжи до крајот на годинава.