Тлото во Маврово и натаму се тресе, вечерва нов земјотрес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 12.11.2020 година во 22 часот и 02 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 km југозападно од Скопје.

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.